Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека се повторно целосно отворени за промет граничните премини со Србија, Мердар и Берњак, кои беа блокирани вчера од граѓани на српската страна на границата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што напиша Свечља на неговата страница на Фејсбук, блокадите поставени вчера од страна на таканаречениот „Советот за блокади на Србија“ попладнево се отстранети, по што и косовската страна ги отворила граничните премини.
„По добивањето на информациите дека блокадите поставени вчера од маскирани екстремисти на територијата на Србија се веќе отстранети и согледувајќи дека нема пречки за сообраќај од и кон граничните точки на Република Косово, ја донесовме одлуката да се отворат за промет граничните премини Мердаре и Брњак. Ред и закон, мир и безбедност, на секоја педа и на секоја граница на нашата Република“, напиша Свечља.
Пред Мердаре и Брњак, утрово беше отворен и третиот премин на границата меѓу Косово и Србија, оној во Јариње.
Блокадата на граничните премини меѓу Косово и Србија ја најави таканаречениот „Совет за блокади на Србија“ откако на косовскиот север, населен со мнозинско српско население, беа затворени пет институции на паралелни српски структури.
Од косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора синоќа соопштија дека овие гранични премини ќе останат затворени до заминување на маскираните лица на стрпската страна на границата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи