Македонија
4. September 2024 - 9:51

Пожарникар повреден при гасење пожар добил опомена пред тужба за лекување во Штипската бoлница

Пожарникар од ТППЕ Штип кој бил повреден за време на гасење на еден од големите пожарите што ја зафатија државата во летните месеци, добил опомена пред тужба поради долг за неговото лекување во штипската Клиничка болница. Александар Ѓорѓиевски објави дека кога ја напуштал болницата не бил информиран дека требал да плати, па сега, еден месец по излегувањето од болница, му пристигнува опомена пред тужба од болницата за износ од 1.250 денари.

„Ова го има само во оваа северна вуко*****а и никаде на друго место на свет“, вака штипскиот пожарникар ја почнува својата објава, пишувајќи меѓу друтото, дека уште е зачуден како еден месец немало кој да го информира дека има долг кон болницата.

Горѓиевски на 30 јули се онесвестил при гасење на објект, по што бил извлечен од своите колеги и со Брза помош префрлен во Клиничката болница во Штип.

Во продолжение ја пренесуваме целата реакција од пожарникарот објавена на неговиот Фејсбук профил: