Полска: Авијацијата во состојба на готовност поради руски закани
Полски воени авиони и авиони на нејзините сојузници беа активирани рано утрово за да го обезбедат воздушниот простор на Полска, земја која граничи со Украина, информираат полските вооружени сили.
Ова се случува по третпат во последните осум дена. Нешто претходно, украинската армија соопшти за руски напад со дронови врз градот Лавов, кој се наоѓа близу полската граница.
„Ова беше уште една многу напорна ноќ за целокупниот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради забележаната активност на далекосежната авијација на Руската Федерација која нанесува удари,“ напишаа од Оперативната команда на полските вооружени сили на платформата Икс.
Минатиот месец НАТО ги осуди „неодговорните дејствија“ на Русија откако нејзин дрон влезе во воздушниот простор на Полска.
„Од почетокот на руската инвазија во Украина во 2022 година, остатоци од руски дронови и ракети неколкупати беа пронајдени на територијата на сојузниците,“ изјави на 26 август портпаролката на НАТО Фара Дахлала.
„Иако немаме информации што укажуваат на намерен напад на Русија врз сојузниците, овие дејствија се неодговорни и потенцијално опасни,“ нагласи таа.
Ново на Сител
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван
-
Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката