Наместо во септември повисоки плати за наставниците во март – СДСМ бара владата да го почитува законот и да најде пари сега
Наставниците ќе добијат повисоки плати во март идната година, наместо сега во септември. Министерката за образование и денеска беше категорична дека нема пари за 12 процентно покачување на почетокот на учебната година бидејќи претходната Влада оставила празен буџет и средствата не ги планирале правилно. Министерството периодов имало огромни трошоци за учебниците, ученичкиот и студенстски стандар, превозот, доградба и реновирање на училишта... зошто претходната власт не водела грижа за тоа. Вака министерката Јаневска и одговори на пратеничката Тренчевска која вчера во тема на денот на Сител рече дека Владата мора да го почитува законот за наставници и потпишаниот договор за поголеми плати на наставниците за 12 отсто, а не да преговара со синдикатот.
-Наследивме празен буџет. Јас сум убедена дека ќе имаат разбирање. И ветувам дека наредната година ќе има зголемување на платите за да бидат задоволни и мотивирани наставниците, изјави проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
-Тоа е законска обврска и нема дијалог. Јас очекувам дека ќе си го почитуваат законот за наставници и нема да дозволат да се затворат училишта и како власт ќе најдат средства . Има пари само треба да се прераспределат убаво, а тие 12 проценти да им ги исплатат на наставниците, рече вчера Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ и поранешна министерка (23.08).
Министерката за образование откако ги виде пристигнатите учебници во ОУ “Љубен Лапе” во Аеродром уверува дека учениците на првиот час идниот понеделник ќе ги добијат учебниците со исклучок на странски јазици поради проблеми со тендерската процедура и конечно ќе се прекинела практиката на поранешни министри да недостигаат учебници.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар