Терористички напад во Германија - Напаѓачот со нож уби три лица во Солинген
Германската полиција денеска продолжи со потрагата по лицето одговорно за нападот со нож што се случи синоќа на прославата на 650-годишнината од градот Солинген.
Во нападот во петокот вечерта загинаа најмалку три лица – една жена и двајца мажи, а осум се повредени, од кои пет потешко, соопштија властите.
Не беа дадени информации за идентитетот на повредените или нивната моментална состојба, јави ДПА. Напаѓачот се уште е во бегство, соопшти деенска полицијата, а потрагата продолжува.
Специјалните единици трагаа по напаѓачот во градот.
Полицијата ги предупреди жителите кои забележуваат се што е сомнително да не дејствуваат самоиницијативно, туку да се јават на полицискиот број за итни случаи.
„Во моментов немаме индиции за тоа каде се наоѓа“, изјави портпаролот на полицијата. Нема ниту опис на осомничениот.
Напаѓачот успеал да побегне поради паниката што се проширила по прободувањето, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија.
Северна Рајна Вестфалија е најнаселената покраина во Германија. „Мислам дека тоа е нашиот огромен проблем.
Се уште немаме многу информации за сторителот“, изјави Александар Креста, портпарол на полицијата во Вупертал.
Според полицијата, напаѓачот нападнал случајни минувачи, избирајќи ги своите жртви по случаен избор. Нападот започнал околу 21:45 часот (19,45 по Гринич) во петокот, соопшти полицијата.
Бил извршен во центарот на градот каде што била поставена сцена за музика во живо за настанот Фестивал на различностите. Злосторството се случило непосредно пред бината, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел