Македонија
23. August 2024 - 21:15

Власта најавува затворање на мафијата зад решетки

Премиерот Мицкоски најави затворања зад решетки на македонското подземје. Криминалните банди ќе се апсат, а криминалот ќе станува неисплатлива професија. Имаат неколку криминални групи на пик.

Според поранечниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски криминалците се добро познати на власта, станува збор за групи поврзани со трговија со луѓе, органи, дрога, убиства, перење пари и изнуди.

Според Ѓурчевски Македонија во изминативе седум години била жртва на спрегата помеѓу организираните криминални групи и политичките елити кои ги штителе криминалците. На тоа се должат и нерасчистените убиства, претсрелките за превласт во подземјето, бегствата од затворите.

Според безбедносниот експерт, новата Влада има обврска да ги истражи сите нелагални дејствија кои поминале неказнето во државава во изминативе години, и врз основа на докази да поведат постапки, за да не останат и понатаму неказнети.