Се прибираат докази за лицето за кое има сомнеж за вклученост во убиството кај Мавровка
Лицата за кои истражните органи се сомневаат дека стојат зад убиството кај Мавровка се членови на иста фамилија. Помладиот, 39 годишникот е веќе осомничен и се наоѓа во притвор, а за 10 години повозрасниот, кој сам се пријави во полиција се утврдува основаноста на сомнежите за негова вклученост во настанот.
Обвинителството истражува дали тој е лицето кое неколку секунди по убиството дошло на паркингот и го ограбил автомобилот на жртвата. Се проверува и дали седел зад воланот кога осомничениот се обидувал да побегне.
Додека истрагата ги проверува овие сомненија, 50 годишникот е зад решетки. Побегнал од Шутка минатиот месец, па по дадениот исказ во полициската „Пролет“, вратен е во затворот на доиздржување на казната која му завршува по четири месеци.
И првоосомничениот за убиството е бегалец од Идризово кој издржувал 14 годишна затворска казна. Во април излегол на викенд и повеќе не се вратил во ќелијата. Премиерот Мицкоски, смета дека претходната власт е виновна за бегствата на затвореници. Најавува дека зад решетки ќе завршат сите кои криминалот го сметале за исплатлив бизнис.
Според обвинителството, мотив за убиството на 58 годишниот скопјанец е користољубие. Бил ограбен под сомнеж дека во автомобилот и чантата која ја носела сопругата има злато бидејќи членови на фамилијата поседувале продавница за накит.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар