Македонија
23. August 2024 - 12:23
До темел изгоре кавадаречката фирма Ником
До темел изгоре кавадаречката фирма Ником, која произведува дрвена амбалажа. Пожарот избувнал вчера во вечерните часови, а над 30 пожарникари гаснеле до 1 и 30 по полноќ. За среќа нема повредени, причинета е голема материјална штета. Увид надлежните ќе се прават дури во понеделник, оти ќе се чека да оладат изгорените материјали внатре во фабриката. Причините за пожарот се уште се непознати.
-->
-->