Македонија
21. August 2024 - 16:41

Мицкоски им врати на ДУИ: Нема да се занимаваме со темни сценарија на поединци

Несериозно е да се коментираат изјави на поранешни маргинализирани поединци, вака премиерот Христијан Мицкоски врати на обвинувањата на опозициската ДУИ дека власта наредила нивно следење. Според Мицкоски владата нема да се занимава со темните сценарија на поранешните функционери кои градеја империи на грбот на народот.

Претходно поранешниот министер Бектеши обвини дека добиле информации оти ВМРО ДПМНЕ И ВРЕДИ им даваат задолженија на безбедносните институции да ги следат претставниците на „Европскиот фронт“ за активностите што ќе ги преземат во врска со најавените мерки за заштита на легитимноста.

Премиерот кој го вклучи алармот за планот за дестабилизација на државата од страна на ДУИ , проблемот за безбедносниите закани го гледа во корумпирани поединци и кај политичарите и кај судии и обвинители. 

Од Илинденска не отстапуваат од ставот реформите се неопходни, за да се смени лошата слика во судските инстанци.Во оваа насока беше и средбата со претседателката на Судски совет, институциијата која по бројните скандали доби сериозни критики и од меѓународната заедница.