Експерти: Последните скандали во судствотo дополнително ја рушат ниската доверба кај граѓаните
Апсења, спогодби за казни , признание за примање мито, судии и обвинители вмешани во коруптивни случаи – скандалите кои ја тресат судската фела сериозно ја загрозуваат и така ниската доверба во правосудството. Спогодбата на Мемети , признавањето вина на Ѓорѓиев фрлаат дополнителна дамка врз оние кои треба да го гарантираат правото, сметаат експертите
А во вакви услови кога се почести се случаите кога судии и обвинители ја злоупотребуваат функцијата, а ЕУ бара реформи, се пооправдана е идејата за распуштање на Судски и Советот на јавни обвинители, сметаат експертите. Но потенцираат, само во случаи кога извршната нема да се меша во судската власт.
Меѓународната заедница пак инсистира на реформи во судскиот систем, но не и распуштање на институции. Алармираат дека треба да се следат и препораките на оценската мисија која ја скенираше работата на македонскиот правосуден систем и даде насоки како да се зголеми довербата од ниските 2 процента...
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар