9 активни пожари - Најтешко кај Македонски Брод
Македонски Брод е на пиедесталот и на денешната статистика на пожарите. Скоро триесет денови ситуацијата не може да се контролира, а таму во моментов се гасне на четири фронта. Гори квалитетна борова чума, а пожарникарите се изморени и гаснат со последните сили.
Шумските пожари се значително непредвидливи, па така, иако вчерашните впечатоци беа дека пожарот во Пехчево е под контрола, сепак рано утрово пак се разбудил црн густ чад на една точка. Изгорена е голема површина, по што градот остана без своето белодробно крило. Температурите од плус 40 степени, не се во полза на оние кои гаснат.
Критично денеска е и во Кочани и Македонска Каменица, каде вода фрлаат два хеликоптера. „Ми 171“ на македонската полиција, а делува и словенечкиот, кој има капацитет да носи 2 тона вода. Гори борова шума, а има и папрат којшто помага огнот брзо да се прошири.
Во кичевските краишта пожарот дојде до првите куќи. Поточно во село Патеец пожарникарите биле во животозагрозувачка ситуација, но за среќа навремено е локализиан и таква опција не е возможна. Уште ноќеска вода фрлале германските ер трактори, а од земја напаѓале припадници на Национални шуми.
Кај Маврово, пламените јазици во атарот на селото Врбен и натаму се активни, но нема опасност по имотите и куќите. Вчерашната брза координација на службите во доцните вечерни часови, спречи огнената стихија да пеплоса се во селото Врбен.
Под контрола се држат пет пожари. А вчера имало вкупно 38. Изгаснати за 24. Од Центарот за управување со кризи најавија и законски измени за повисоки казни за потплаувачите. Утрово од земјава заминаа и тимовите на Кипар, кои интервенираа со два ер трактори врз огнените стихии кај нас.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар