Македонија
13. August 2024 - 19:40

Царината заплени 192 килограми стероиди

Спречен меѓународен шверц со анаболични стероиди., кои се строго забранети за продажба и употреба. Запленети се 32 кутии или речиси 200 килограми нелагални супстанци ,  кои се штетни по здравјето на граѓаните и предизвикуваат зависност.

 Една ампула на нелегалниот пазар чини нешто над 2,000 денари. Вкупната вредност на запленататат стока е 5,5 милиони денари или 90,000 евра.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава, но директорот на Царина не откри дали станува збор за македонски државјанин. Производителот пак , е од Индија

Со дебело криминално досие, кој сакал стоката од Сингапур преку Турција да ја внесе во Македонија и од тука да заврши во Чешка.  Станува збор за фиктивни фактири, затоа што во Чешка таква фирма не постои , изјави Бобан Николовски, директор на Цариснка Управа

Стероидите начесто ги користат спортистите и бодибилдерите,  за да имаат подобри резултати во спортот..  Го покачуваат нивото на тестростерон и епитестостерон, што им дава поголема издржливост и повеќе мускална маса. Министерот за спорт  вели дека нема да дозвили на нашиот пазар некој да консумира  забранети супстаннци

Со ова Македонија доби признание од Светската антидопонг агенција и се најде  во топ трите земји во светот  по заплена  на забранети супстанци.