-->
-->
Тројца морнари загинаа во несреќа на траект во Хрватска
-->
Тројца морнари загинаа денеска, а четвртиот е тешко повреден во Мали Лошињ кога се случи несреќа со траектот „Ластово“, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура.
Претходно полицијата и компанијата Јадролинија соопштија дека загинале двајца морнари, а еден е повреден.
„Додека се работеше на траектот на Јадролинија Ластово во Мали Лошињ, денеска во попладневните часови се случи несреќа во која загинаа тројца членови на екипажот на Јадролинија, додека четвртиот е тешко повреден“, соопштија од тамошното Министерство, јавува ХРТ.
Тешката несреќа се случила околу 15.30 часот, кога паднала пристапната рампа на траектот „Ластово“ и ги приклештила морнарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во САД започна истрага против Гугл за наводно прикажување негативност кон Трамп
-
Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение
-
Одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа
-
Уапсен малолетникот кој уби еден, а рани уште еден полицаец во Босанска Крупа
-
Израелска армија: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем
-
Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико
-
Сообраќајот непречено, по суви коловози
-
Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени