Владата негира дека се откажала од распуштање на Судски и Советот на обвинители
Нема откажување од идејата за распуштање на Судскиот и советот на јавни обвинители. Владата негира дека отстапила од планот за реформа на овие институции во кои граѓаните имале доверба од два проценти.
„Нивното нераспуштање ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како минатото да бидат заменети со други. Тоа не е наша цел, ниту заложба. Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионални и способни кадри“, велат од владата.
Во меѓувреме, Најавите за ветинг во правосудството, се неприфатливи за правните експерти.Сметаат дека прочистувањето може да создаде само проблеми. Од Коалицијата за правично судење велат дека цела деценија политичарите зборуваат за ветинг, ама никој досега не кажал како да се спроведе. Немало ниту анализа на можните последици.
„Имаме предупредувано дека ветингот, ретко кога ги дал посакуваните резулатите и ретко кога не предизвикал многу поголеми главоболки од тие што веќе постоеле во државата каде што се спроведувал. Проблематично е што нашето судство и нашата држава и во ваква ситуација не успева да генерира толку нови судии и јавни обвинители колку што имаме одлив на судии и обвинители. Без да направите некаков план како ќе се справите со дополнителниот одлив, нема да можете соодветно да го спроведете ветингот“, изјави Дарко Аврамовски, Коалицијата “Сите за правично судење“.
Предлогот за спроведување ветинг преку измени во уставот дојде од ДУИ. Политичкиот противник Вреди како одговор на предлогот, понуди уставен амандман со кој кривичните дела извршени од функционери нема да застаруваат. За правната фела и овој предлог е неприфатлив, велат може да се размислува за продолжување на роковите за застарување, но недозволиво е да нема временско ограничување.
„Роковите на застареност се ставени со причина и ако ги тргнете целосно, повторно ризикувате да навлезете во еден кањон од кој можеби потоа нема да можете да го најдете излезот. Со протекот на определен временски период, многу е тешко да се докажат определени работи, се контаминираат докази, се губат докази и ризикувате во таква ситуација повторно да нанесете повеќе штета доколку гоните некое дело кое што било сторено многу, многу одамна“, појаснува Аврамовски..
Според Аврамовски, најдобар начин за борба со корупцијата кај функционерите се постојните закони. Велат со исклучок на измените во кривичниот законик, останатот законодавство нуди можност за ефикасно санкционирање.
Владејчајта партија веќе го отфрли предлогот со уставни интервенции до спроведување ветинг. И во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со постојните зкаони може да се спроведе прочистување и борба со корупцијата.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар