Искршена спомен плочата кај Карпалак, одбрана најавува целосно нов споменик
Еден ден по сквернавењето на споменикот кај Карпалак и 23 годишнината од конфликтото во 2001, лидерот на Достоинство, смета дека бранителите се разочарани и не можат да ги остварат своите права. Според Стојанче Ангелов, ниту по две децении институциите не успеале законски да ги регулираат правата на учесниците во конфликтот.
Откако беше уништена спомен плочата за загинатите кај Карпалак, од владејчаката партија велат дека Министертсвото за одбрана подготвува закон кој ќе овозможи поставување на достојно спомен обележје.. Но, како што велат од партијата, за разлика од претходната власт, тоа ќе биде законско решение кое нема да може да го одбијат другие институции заради заштитенотот подрачје кај автопатот.
Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пак вели дека таа веќе ја завршила целата постапка. Била избрана локација за спомен обележје кај Карпалак, но и споменици за загинатите кај Вејце и Љуботенски бачила.. Имало обезбедено и пари, ама според Петровска, со ребалансот на државниот буџет, новата влада се откажала од изградба на трите споменици за бранители од воениот конфликт.
„Владата на СДСМ без изговори, без соопштенија и личен маркетинг, на мој предлог му ги додели на Министерството за одбрана трите локации и ги задолжи сите надлежни институции да ја спроведат постапката и таа е започната. Истовремено, во буџетот на МО за 2024та година предвидовме финансиски средства за изградба на спомените. За жал, гледам дека со ребалансот тие средства му се одземени на Министерството. Ако оваа Влада и институциите ги продолжат започнатите постапки, до крајот на оваа година ќе го имаме првиот споменик“, вели Славјанка Петровска, Поранешна министерка за одбрана.
Идната недела се навршуваат 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а за неговото одбележување најавени се две прослави.. Едната ја организирана ДУИ, на другата, покровител е владата.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар