Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун
Над 90 килограми кокаин во вредност од над 2,9 милиони евра бил откриен во пратка со банани во контејнер што на пристаништето во Солун пристигнал од Еквадор, а како примач била наведена француска компанија, која испраќа банани во Романија, јави дописничката на МИА од Атина.
Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопшти дека царинските инспектори со помош на рендген го откриле кокаинот во пратка со свежи банани.
Бил спакуван во 80 пакувања со вкупна бруто-тежина од 92,7 килограми, внимателно скриени во специјален простор на механизмот за ладење.
Дрогата и контејнерот веднаш биле конфискувани и било известено надлежното обвинителство, додека истрагата за откривање на примателите на кокаинот продолжува.
Кокаин скриен во контејнер со банани беше откриен и пред неколку дена во пратка, исто така од Еквадор, што пристигнала на атинското пристаниште.
Ново на Сител
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
-
Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
-
Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година
-
Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени
-
На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час