Запалена колата на близок соработник на градончалничката Aрсовска
Изгорен мотор, предни тркала и хауба – ова е сликата од опожарениот мерцедес на Драган Митковски кој на последните парламентарни избори беше носител на листа од партијата на скопската градоначалничка Арсовска. Во три часот синоќа било пријавено дека гори возилото паркирано пред семејниот дом на Митковски во населбата Ѓорче Петров. Огнот први го забележале соседите.
Засега нема информации како се запалил автомобилот. Од МВР велат работеле на расчистување на случајот.
Митковски во телефонски разговор за Сител рече дека очекува институциите да откријат што го предизвикало пожарот, но не ја отфрла можноста да бил немерно подметнат. Живееле скромно и со никој немал ништо лошо. Откри дека веќе некое време има недоразбирања со градоначалничката, но појаснува дека тоа не е кавга.
Во јавноста пак Митковски важи за близок соработник на Арсовска, а негови партнери добија и директорски позиции во неколку јавни претпријатија во градот Скопје. Неодамна, сите беа разрешени и заминаа од раководните позиции во Градски паркинг, водовод и комунална хигиена.
Името на Арсовска пред две години беше поврзувано со палењето на автомобилот на тогашната директорка во ССК, за што скопската градоначалничка беше повикана и даде исказ во МВР. Сител денеска побара одговор од обвинителството до каде е постапката за овој случај, но оттаму одговор најавија за следната недела.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар