Кошарка
9. August 2024 - 8:25

Србија против Германија ќе се бори за бронзениот медал на Олимписките игри

Селекциите на Србија и Германија ќе се обидат да го спасат својот настап на Олимписките игри и дома да се вратат со медал.

Нивниот меч во „малото финале“ ќе биде реприза на финалето од ланското Светско првенство кога триумфираа Германците и првпат во историјата станаа планетарни шампиони. Интересна е одлуката на организаторот, мечот за третото место и бронзениот медал да се игра в сабота од 11 часот претпладне, термин кој воопшто не е вообичаен за играње вакви натпревари.

Големото финале е од 21:30 часот и тоа ќе биде реприза на мечот за трофејот од пред три години во Токио, меѓу домаќинот Франција и САД.