Македонија
8. August 2024 - 21:18

Рокот е до септември - СОНК не отстапува од покачување на платите за наставниците

Ако до 15 септември не се  усогласат платите во основите и средни училишта, СОНК ќе ги преземе сите синдикални чекори. За оваа одлука на МОН не биле информирани во синдикатот и не тие не се сложуваат покачувањето за нив да биде во март следната година. Образложението на министерката дека нема буџетска можност не е доволна причина за нив и не отстапуваат од своите барања. 

Министерката Јаневска денеска рече дека остварила сериозни разговори со Владата и министерствотo за финансии и покачување од 12 проценти ќе има во март следната година. 

Во понеделник на дневен ред во Собранието е ребалансот на буџетот, но Владата нема побарано дополнителни средства за МОН, освен зголемување на парите за да се обезбеди студентски оброк и исплата на стипендии. Во ребалансто сепак предвидени се средства за зголемување на платите во јавната администрација согласно потпишаните колективни договори. Согласно растот на просечната плата, од јануари следната година премиерот, спикерот и претседателот ќе добијат покачување за 330 евра, а сите останати функционери повисоки плати за 130 евра.