Кошарка
6. August 2024 - 13:20

Германија прв полуфиналист на олимпискиот кошаркарски турнир

Кошаркарската репрезентација на Германија со 76-63 ја победи Грција и се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри.

Грција имаше одлично отворање на натпреварот, посебно добро функционираше одбраната, првата четвртина Грците ја добија со 21-11. Но работите се променија во продолжението од натпреварот.

Германците ја стегнаа одбраната, Грција не постигна над 20 поени во ниту една од преостанатите три четвртини. Конечниот резултат беше 76-63 за Германија.

Најефикасен во германскиот состав беше Франц Вагнер со 18 поени додека Антетокумпо од Грција постигна 22 поени.

Германија во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Франција и Канада.