Мицкоски предупредува за дестабилизацијата од ДУИ - Ахмети молчи
ДУИ подготвува немири и дестабилизација оваа есен. Премиерот по средбата со косовскиот колега Курти уште еднаш повтори дека во Мала Речица се кова план кој како што вели има за цел да го заштити нелегално стекнатиот капитал на луѓето од партијата на Ахмети
За информациите дека ДУИ готви дестаблизиација Мицкоски зборуваше и во последното интервју за Фокус каде додаде дека Владата ќе стори се за да ги задржи мирот и стабилноста.
Во ДУИ два дена молк. Никој во партијата и денеска не одговори на прашањата на Сител за тоа дали се точни информациите дека оваа есен преку протести ќе вршат притисок да се вратат на власт.
Уште на средина од минатиот месец, кога стана јасно дека остануваат во опозиција Ахмети го собра партискиот врв во Гостивар. Објавија дека усвоиле три резолуции, меѓу кои една за почитување на некакво начело на легитимитет во контекст на одредбите од Охридскиот договор кое ќе им гарантира дека ќе бидат на власт ако на изборите победат во албанскиот политички блок.
Уште тогаш медиумите пишуваа дека за да стигне до ова баарање ДУИ планира организирање на протести во повеќе места низ Македонија и обид за блокада на институциите.
Ахмети и Груевски веќе имаа дил за коалиција на победниците во познатиот мајски договор но по изборите во 2016тата ДУИ реши да се здружи со поразениот СДСМ и да го прати ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар