Македонија
31. July 2024 - 16:34

Приведени повеќе лица кои подметнале пожар, полицијата со засилено присуство на терен

Полицијата е во засилен број на терен за да ги лови потпалувачите, министгерот најави жестоки мерки за сторителите. Сите началници на секторите и граничната полиција се вклучени на терен. До сега се лишени од слобода повеќе лица за подметнување пожари.

Премиерот на обвинувањата од СДСМ рече дека нема да коментира политичари кои имаат некрофилски намери. Мицкоски тврди дека во брзо време пожарите ќе бидат целосно под контрола. 

СДСМ побара од премиерот да го смени министерот Тошковски од раководната функција во управувачкиот комитет бидејќи не успеал да се справи со пожарите. Обвинуваат дека полицијата не е присутна на терен и до сега ниту еден случај со подметнувањата  не е расветлен . 

Тошковски смета дека е срамно СДСМ да коментира откако државата ја оставиле во катастрофална состојба а за разлика од неговите претходници тој е присутен на терен. 

Министерот најави дека веднаш по активирањето на европскиот механизам, на помош пристигнуваат хеликоптери од Србија, Чешка и два канадери од Германија и воздухоплови од Словенија.