Македонија
30. July 2024 - 16:34

Левица најавува интерпелација за Милошоски – учествувал на Самит за Кина во Тајван

 

Пратениците на Левица најавуваат интепелација за потпретседателот на македонскиот парламент Антонио Милошоски, откако тој отпатува во Тајван на Самит за Кина. Тврдат дека неговото патување во Тајпеј е спротивно на одлуките кои ги имало донесено Собранието, но и ги довел во прашање односите со Кина.

Самитот во Тајпеј се најде и на насловните страни на странските медиуми кои објавија дека Кина вршела протисок врз пратеници од најмалку шест земји, меѓу кои и од Македонија да не учествуваат на овој настан .

Антонио Милошоски кој во Тајван е заедно со Фатмир Битиќи од СДСМ како македонски претставници за Сител потврди дека добил пораки од кинеска страна да не учествува на овој настан. Ги оцени како дипломатски притисок обидите на кинеската амбасада, но вели дека неговото учество нема да ги доведе во прашање односите со кинеската влада.

Милошоски кој на социјалните мрежи веќе објави фотографии од средби со пратеници дел од Самитот, не сакаше да ја коментира најавата за интерпелација , вели ќе почека да ги види наводите и дали воопшто ќе биде нешто поднесено.

На листата на кинеската влада се нашле и пратеници од Боливија, Колумбија, Словачка, Македонија, Босна и уште една азиска земја.

Ваквите чекори се реакција на позицијата која ја зазема Пекинг и претензиите кои ги имаат кон Тајван како кон своја територија.