-->
-->
Изгоре платформата на Смоларските водопади од подметнат пожар
-->
Целосно изгоре платформата за набљудување на Смоларските водопади, а според првичните информации станува збор за подменат пожар.
Градоначалникот на општина Ново Село информираше дека некој „совесен“ граѓанин ја запалил платформата и предизвикал пожар кој се шири кон исток на Беласица.
Од денеска во сила е целосна забрана за пристап до водопадот поради безбедносни причини, односно, сѐ додека не биде изградена нова платформа.
-->
-->
-->