Леонид вратен во Македонија, државата ќе го покрие неговото лекување во Градска
Момчето со квадриплегија се врати од Виена и лекувањето ќе го продолжи во Скопје на трошок на дравата. Леонид Индов е транспортиран со хеликоптер со медицинска поддршка до ГОБ 8ми септември. Пациентот има извесни подобрувања од клиниката во австрија.На кој начин ќе продолжи да се лекува ќе се направи проценка од лекарите вели министерот за здравство.
Владата одлучи целосно да го покрие лекувањето на момчето во Македонија. Фондот ќе даде средства за третман во градската болница и ќе ги обезбеди лекарствата препорачани од клиниката во Австрија. Во соопштение од фонфот велат во минатото било одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид со тврдење дека има услови за третман во земјава без да се наведе каде. Владата побарала од фондот да ја смени ваквата одлука
- ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните“
Леонид на 6 февруари беше прв пациент кој со хеликоптер го транспортираа до Виена. Момчето се здоби со тешки повреди при летување во Грција во јули минатата година.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар