-->
-->
Мицкоски: Македонците ќе ги искинат бугарските пасоши првиот ден кога ќе станеме дел од Европската унија
-->
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека сите оние граѓани кои имаат бугарски пасоши ќе ги искинат во првиот ден откако ќе станаме дел од Европската унија. Тој притоа кажа дека бугарскиот пасош не се зема за некој да стане Бугар туку тоа е направено од чисто економска пригода со цел полесно да се најде работа во земјите членки на ЕУ.
„Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека од сите етнички заедници имаат земено бугарски пасош, но не да станат Бугари, туку од економска пригода, односно полесно да најдат работа во земјите во ЕУ. И јас сум убеден дека првиот ден откако ќе станеме дел од Европскaта унија, дека сите граѓани ќе ги искинат бугарските пасоши“, рече Мицкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото