Реакции за проектот на ВРЕДИ за Албанска академија на науките
Албанска академија на науките и уметностите, здружение што вчера го формираше албанскиот партнер во владата Вреди предизвика низа реакции во јавноста. Првиот вицепремиер Меџити вели дека се работи за добрнамерен проект за да се поттикнат научни истражувања, а во првата фаза ќе го финансиираат општини се додека не се изнајде решение да биде под државна капа. Етничкиот предзнак бил поради тоа што Албанците ретко стигнувале до државната МАНУ.
Првиот академик, прфесорот Живко Попов вели дека МАНУ е државно прашање, но дека конкретен став за предлогот на албанскиот партнер во Влада ќе има утре. Инаку во моментов еден од потпретседателите на МАНУ е токму Албанец – прфесорот Алајдин Абази, а уште четворица други се академици.
Од ВМРО-ДПМНЕ контра коалицискиот партнер. Велат науката не може да има етнички предзнак и дека МАНУ е единствена научна институција во државата.
„Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на Мицкоски велат дека добро што алабанскиот партнер се насочил кон наука за разлика од ДУИ. Од таму велат дека ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици во интерес на заедничката држава и заедничкиот патриотизам, но никако на штета на заедничките институции туку во нив.
Од опозициската ДУИ, пак, сметаат дека проектот на Вреди е потценување на Албанците, бидејки е невладина организација.
„Наместо да го преземат претседавањето со Државната академија за наука и Уметност, да создадат простор за повеќе академици, да гласаат за законот што го предложивме додека го блокираа со ВМРО за правична и соодветна застапеност во МАНУ, тие дојдоа до „големата ОПШТИНСКА идеја“ што уште повеќе ги понижува Албанците’, коментираат од партијата на Ахмети.
Албанската академија беше предизборно ветување на Вреди, но тоа не влезе во рамките на заедничката владина програма со ВМРО-ДПМНЕ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар