Регулаторна утре ќе објави по која цена ќе се греат скопјани
Регулаторна утре ќе ја објави цената за парно греење. Колку ќе ги чини граѓаните да се греат оваа зима, дали ќе плаќаат поскапо или исто?
Неофицијално ќе има одредено намалување на цената но не големо, бидејќи оваа година Владата нема да го субвенционира парното.
Проблем и натаму останува мостот Беласица каде што беа опожарени цевките од топловодната мрежа на ЕСМ. Од компанијата не информираат зошто до сега цевките не се поставени и покрај тоа што требаше да ги монтираат уште ланската грејна сезона.
Лани се најде алтернативно решение за доток преку старите цевки на железничкиот мост но со намален капацитет а и зимата беше мека.
Доколку се случи температурите да паднат длабоко под нулата, граѓаните ќе останат со ладни радијатори.
Регулаторна ги разгледала и барањата на компаниите за зголемување на цената за 50 отсто од кои исклучок е само ЕСМ кои бараат намалување. Претседателот на комисијата смета дека цената на природен гас е поволна и тоа ќе влијае на цената за парно греење.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар