Македонија
28. July 2024 - 16:32

Научна студија: Наредните години Македонија и регионот ќе имаат многу повеќе денови со температури над 40 степени

Утре потопло од денес, со температури околу 40- от степен. Во вторник и среда освежување за 3-4 степени, а во петок повторно многу топло. Наредниот викенд пак мало освежување. Ваква е прогнозата на УХМР за идната седмица. Освен засилен северен ветер во понеделник попладне, не се очекува невреме.

Утре очекуваме максималната температура да биде со интервал од 33-40 степени целзиусови. Меѓутпоа утре попладне има спуштање на посвежа воздушна маса од север, ќе дува засилен северен ветер и овие освежувања ќе ги почувствуваме во вторник и среда со извесно намалување на температурите, изјави Ивана Петровиќ, дежурен синоптичар во УХМР.

Според утрешните температури на граница сме на нов топлотен бран, но мерки нема да се препорачаат бидејќи наредните денови ќе има освежување. По екстремно топлото време во јуни и јули, од ИЈЗ велат дека според последната научна студија од година во година во Македонија и регионот ќе се зголемува бројот на денови со температури од 41-42 степени.

На пример Грција ќе биде преку 41-45 денови. Тоа е 1,5 месец во кој ќе имаме топлотни бранови со над 41-42 степени целзиусови. За Македонија тоа ќе биде 21 ден. Ние веќе имавм 14 дена лани и оваа гопдина исто така ќе имаме 14, а можеби и повеќе. До 2030 година тоа ќе биде 21 ден. За Хрватска исто така слично, тука некаде, изјави проф. д-р Михаил Кочубовски, од ИЈЗ и претседател на Комисијата за топлотни бранови.

Изминатиот периот кога земјава повеќе денови беше во портокалова фаза многу граѓани се соочија со здравствени проблеми. А дневно само скопската брза помош интервенираше на 10-тина колапси на отворен простор.