Бизнис
20. July 2024 - 16:29

Кој најмногу добива, а кој губи со Ребалансот на буџетот?

Капиталните проекти најголеми губитници, општините најголеми добитници. Со ребалансот на буџетот скратени се скоро 2,6 милиони евра од инфаструктурните инвестиции. Занително кратење има во патната инфраструкуира за изградба на Коридот 8 и 10 д. Овде од првичните  245,5 милиони евра  парите се кратат на  67 милиони евра. Повеќе пари од првичната сума предвидени се само за железницата. – пругата  од Коридорот 8 – делницата Бељаковце- Крива Паланка  и изградба на заедничка гранична станица Табановце . Овде сумата се зголемува од 31 на 55 милиони евра. Помалку  пари има за гасификацијата, од 19 на 13,5 милиони евра, речиси  преполовени се парите за изградба на старечки домови  и објекти за социјална заштита, за реконструкција на основни и средни училишта, за изградба на студенски домови, каде се скратени над  120 илјади евра . Значителн кратење има и за изгрдбата на нов кличнички центар во Скопје и Штип – од првичниот буџет од 2,5 милиони евра, сега суматата е тројно пониска – само 880 илјади еввра.. Но премиерот Мицкоски вели  дека приоритет е изградба на Клинички во Штип – и веќе се работи со серозна компанија

Подобри времиња ќе чекаат и   болниците Свети Еразмо во Охрид и  Клиниката за хирургија ќе чекаат подобри времења. Од првичните 2 милиони евра, за нивна реконстукција со ребалансот предвидени се 780 илди евра.   Општата болница во Кичево од 800 илајди сега ќе добие само 29 илјади евра. Затоа пак , општините ќе добијат двојно повеќе пари. За изградба на локални  патишта во 80 општини предвиден се 22 милиони евра, а првично беа планирани 10 милиони.

Инаку,  речиси половина од буџетот – 2,76 милиајрди  евра ќе одат за социјални транфери, односно за пензии и помош за ранливите , како и за плати на админситративците -  723 милиони евра. Приходите пак се проектирани на 5,1 милијарда евра.  Мицкоски  уште еднаш истакна дека наследиле катастрофален буџет, без доволно одезбедени пари за плати и пензии. Па затоа уште еднаш го повикаа Јавното обвителство да постапува по допрен глас. Ако не почне постапка – најави дека од септември ќе  поднесат и претставка. Инаку премиерот најави и нова помош за земјавата. При крај се приговорите со Европската  Унијата за заем од 750 милиони евра, за следните 4 години. Првата трансша се очекува да стигне во септември.