-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје заврши со пораз
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа убедлив пораз со 89:64 вечерва на гостувањето кај евролигашот Цедевита на првиот натпревар од последното коло од АБА лигата. Домаќинот Цедевита без поголеми проблеми го совладаа македонскиот првак.
Најефикасни кај Цеведита беа Миро Билан и Хенри Вокер, додека најпрецизен на дуелот беше Ѓорѓе Дреновац со 21 поен.
Резултат по четвртини: 22:10; 25:17; 24:19 и 18:18.
Другите натпревари од последното коло се играат во утре: Мега – Металац, Олимпија – Партизан, Црвена Звезда – Крка, Тајфун – Игокеа, Задар – Сутјеска и Будуќност – Цибона.
Табела: Будуќност 22-3 (победи-порази), Цедевита 19-7, Црвена Звезда 19-6, Мега 16-9, Партизан 12-13, Цибона 11-14, Задар 11-14, МЗТ Скопје 10-16, Олимпија 10-15, Крка 10-15, Игокеа 10-15, Металац 10-15, Сутјеска 9-16, Тајфун 7-18.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска