Лавров ќе претседава со дебати во Советот за безбедност на ОН
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе претседава со отворени дебати на министерско ниво во Советот за безбедност на ОН.
Русија од 1 јули претседава со Советот за безбедност на ОН.
Лавров денеска ќе учествува на отворена дебата за мултилатерална соработка, а утре ќе претседава со отворена министерска дебата за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за палестинското прашање.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека неколку земји изразиле интерес за билатерални средби со Лавров.
Заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков претходно изјави дека САД не побарале да се организира средба меѓу Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен
Ново на Сител
-
Избегнат судар на два авиона над Скопје, започната истрага
-
Денес ќе биде познато дали ќе се замрзнат цените или ќе се ограничат маржите
-
Давкова на прва средба со Радев
-
Две лица загинаа во сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево
-
Законот за заемот од Унгарија на седница на Комисијата за финансирање и буџет
-
Брнабиќ: Курти сака војна
-
Трамп одби втора дебата со Харис
-
Облачно со локален пороен дожд и грмежи