Истражување на ИЈЗ: Делови на Скопје со повеќе дрвја имаат пониски температури при топлотни бранови
Во градскиот парк во Скопје каде има повеќе дрвја дури за 8 степени е пиониска температурата отколку кај Католичката црква во Капиштец. Ова го покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје направено пред 2 години за време на топлотен бран како што имаме и деновиве. За подготовка на научната студија направиле мерења на температурата на улици и булевари со и без дрворед и констатирана е значителна разлика во топлината.
-Нашите податоци покажуваат дека просечната разлика е 3.4 степени во тек на пладневните мерења и бајголема разлика се покажа помеѓу булеварите Свети Климент Охридски и Илинденска. Најголемата разлика беше измерена помеѓу градскиот парк и улицата Никола Тримпаре од 7.9 степени. Од тука може да се заклучи дека зеленилото односно дрвјата придонесуваат во создавање на урбаната клима, нивниот ефект несомнено и научно е докажано дека има позитивни здравствени ефекти, изјави д-р Џансун Буковец, од ИЈЗ и автор на научната студија.
И оваа студија на ИЈЗ повторно го вклучи алармот дека Скопје посебно во урбаните делови се повеќе го губи зеленилото поради урбанизацијата.
-Иако постои закон за градежно земјиште кој кажува дека 70 проценти може да биде изградена површина, а 30 отсто зеленило. Тоа за жал во вои најголем дел некои општини не го почитуваат и затоа губиме зеленило. И ќе дојдеме до ситуација да имаме разлики во температурите во централното градско подрачје и периферните делови каде се многу пониски температурите и е попријатно за живеење, изјави проф. д-р Михаил Кочубовски, од ИЈЗ и претседател на Комисијата за топлотни бранови.
И додека да почнат да се почитуваат законите и да се раззеленува Скопје со дрвја, граѓаните речиси и да нема каде да здивнат под сенка на пеколните горештини кои ќе продолжат и наредните денови.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар