Најмалку 22 загинати и 69 повредени при уривање на училиште во Нигерија
Најмалку 22 лица загинаа, а 69 се повредени откако се урна училишна зграда вчера за време на наставата во државата Плато во централна Нигерија, соопштија локалните власти.
Околу 130 лица се згрижени во блиските болници, а најголем дел од жртвите се ученици и вработени во училиштето.
Зградата е дел од средно училиште во градот Јос и се урна за време на часовите, соопшти Муса Ибрахим Ашомс, офицер за информации и комуникации на Плато.
Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи во урнатиот дел од зградата имало околу 200 ученици. Спасувачки екипи бараат преживеани во урнатините.
Двокатната зграда се урна ден по поројниот дожд шти го ја зафати централна Нигерија. Почната е истрага за причините за уривањето.
Во последниве години, во Нигерија се случија неколку уривања на згради, што резултираше со многу жртви и повредени, најчесто поради лоша градба, употреба на неквалитетни материјали и корупција.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“