Преглед на вестите од светот
Хорор во Австралија: Три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата
Три деца, меѓу кои и 10 месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на австрилискиот град Синдеј. Кога пристигнала полицијата во кука имало седум деца и нивната мајка.Полицијата соопшти дека таткото е уапсен, бидејќи ги попречувал напорите на полициските службеници и пожарниакрите да влезат во куќата и да им помогнат на децата.
-Ова го третираме како домашно убиство, повеќекратно убиство, вели портпаролот на полицијата Дени Доерти.
На крај, Пожарникарите успеале од пламеените јазици живи да ги извелат мајката и другите четири деца.
Втор круг од парламентарните избори во Франција
Хамас се согласи на разговори за ослободување на израелските заложници
Хамас го прифати предлогот на САД за почеток на разговори со Израел за осободување на израелските заложници. Предлогот вклучува и ослободување на војници и мажи. Претхно палестиската милитината група бараше, Тел Авив прво да се обврзе на траен прекин на огнот во Газа за да почнат преговори за заложниците. Илајдници израелци и денеска излегоа на протести во Тел Авив и Ерусалим , барајќи Владата предводена од премиерот Нетањаху да постигне што е можно побрзо договор со Хамас за ослободување на заложниците, грабнати пред девет месеци.
- Народот на Израел е со нас. Народот сака договор, народот сака да спаси животи, народот сака заложниците да се вратат дома, роднина на заложник
- Тука сум да побарам од владата да се согласи на договор за ослободување на заложниците сега, да ја прекине војната и да оди на избори, што го бараат и бараат 70 отсто од народот на Израел со месеци во моментов.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар