Словенија, Хрватска и Србија зафатени со силно невреме
Словенија, Хрватска и Србија синоќа беа зафатени со силно невреме, со дожд, грмежи и град, кое предизвика материјални штети.
Словенија ја зафати силно невреме со обилни врнежи, налети на ветер и град, а најмногу штети има во Долењска, каде густиот град уништи посеви, а силните налети на ветер оштетија и носеа покриви на куќи.
Поради невремето, Агенцијата за животна средина (Арсо) издаде портокалово предупредување за целата земја, јави Словенечката телевизија.
Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, а силните ветрови урнаа дрвја, столбови за струја и покриви на станбени, деловни и други згради.
Силно невреме синоќа ја зафати и Хрватска, претежно Славонија и Загреб, а силниот ветер, дожд пропратен со грмежи и град создаде огромни проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупања.
Во Загреб, поради оштетување на електричната мрежа и паднати дрвја, трамваите не сообраќаат, а делови од градот останаа без струја.
Кон крајот на вечерта врнеше силен дожд, поради што делови од градот беа поплавени. Невреме со силен дожд пропратен со грмежи синоќа ја зафати и Србија.
Во главниот град врнеше силен дожд пропратен со грмежи.
РХМЗ претходно предупреди дека силна конвективна облачност од подрачјето на Срем се движи кон Белград на запад и дека се очекуваат интензивни врнежи со грмежи во околината на Белград.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама