Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
Граѓаните сакаат да бидат консултирани при донесувањето на општинските одлуки, зашто сметаат дека тоа ќе донесе позитивен ефект. Сепак, резултатите од истражувањето за граѓанско учество покажуват дека тие не се задоволни колку локалните самоуправи се подготвени да ги вклучуваат во процесот на одлучување.
- Тие ја оцениле таа подготвеност на скала од 1 до 5, каде 1 е лошо, а 5 одлично, со 2,4, така што тоа веќе кажува, дава индикации колку се подготвени општините да соработуваат со граѓаните. Од друга страна, на прашањето колку општината ги вклучува граѓаните, над 80 % рекле дека не биле вклучени во никакви процеси на одлучување, изјави Кристина Хаџивасилева, Консалтинг за стратешки развој
Постојат и разлики помеѓу општините, односно, онаму каде има воспоставени механизми за взаемна соработка, таа е на повисоко ниво, и обратно. Мислењето на граѓаните се зема во предвид многу повеќе во поголемите урбани средини, за разлика од помалите градски и рурални општини.
- Еве јас лично сум веќе втор мандат советник кој доаѓа од граѓанска листа, која што успела да влезе внатре во инситуциите и да го каже гласот на граѓаните, односно да направи промени, бидејќи секојдневните проблеми на граѓаните прво треба да се решаваат од најниско ниво, а тоа е локалната самоуправа-изјави Габриела Илиевска, претседателка на Совет на О. Битола.
Граѓаните мора да земат активно учество и при креирањето на локалните буџети.
- Тие буџети се направени од администрацијата и нивното поставување на веб страниците значи дека сме транспарентни, меѓутоа тој буџет е најмалку граѓански зашто е многи нерабирлив- додаде Илиевска
Буџетите на општините треба да бидат презентирани во симплифицирана форма, зашто вака како што се треба да се има солидни економски познавања за да се протолкува.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар