Loading Video...
Свет
20. јуни 2024 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Тензиите помеѓу Израел и Хезболах во Либан се зголемуваат. Шефот на Хезболах се закани дека никаде во Израел нема да биде безбедно ако избие целосна војна помеѓу двајцата непријатели. Му се закани и на Кипар, земја членка на ЕУ која се наога во непосредба близина на Либан. Несрела вели дека ќе го смета за дел од војната  ако и помага на  еврејската држава. 

- Кипарската влада мора да биде преудпредна дека отворањето кипарски аердодроми и бази за израелскиот непријател да го таргетира Либан значи дека кипарската влада стана дел од војната и дека отпорот (Хезболах) ќе се справи со тоа како дел од војната, изјави лидерот на Хезболах Сајед Хасан Несрала.

- Изјавите не се пријатни и не соодветствуваат на вистината во обидот да се прикаже слика за учество на Кипар во воени операции. Под никакви околности, изјави кипрскиот претседател Никос Христодулидес.

Вчера Израел предупреди дека е подготвен за сеопфатна војна во која   Хезболах ќе биде уништен.

- Доаѓаме многу блиску до моментот на одлука за промена на правилата на игра против Хезболах и Либан. Мораме да се потсетиме дека Хезболах почна војна против нас, на 8-ми октомври, ден по Хамас и оттогаш не престана, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

За да ги запре нападите врз Израел, либанската милитантната група  бара Тел Авив да ја прекине војната против Хамас во Појасот Газа. 

Рускиот претедател е во државна посета на Виетнам, На средбата со претседателот То Лам, Путин истакна дека Русија сака да биде партнер со оваа југоистична азиска земја во енергетиката и безбедноста. Вчера шефот на Кремљ беше во Северна Кореја на средба со Ким Јон Ун. Русија и Северна Кореја потпишаа договор кој предвидува  да си помогнат меѓусебно доколку некоја од нив бида нападната. Зголемената блискост меѓу Русија и другите азиски земји значи дека е уште поважно НАТО да работи со сојузниците во Азија и Пацификот, став на шефот на НАТО. 

- Треба да бидеме свесни дека авторитарните сили се повеќе и повеќе се усогласуваат и меѓусебно се поддржуваат на начин каков што досега не сме виделе. Кога тие се повеќе и повеќе се усогласени - авторитарни режими како Северна Кореја, Кина, Иран, Русија - тогаш е уште поважно  е ние да бидеме усогласени како земји кои веруваат во слобода и демократија. Така, НАТО е на тој начин уште поважен сега отколку порано“ , изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. 

Во меѓувреме, земјите од ЕУ потпишаа нов пакет санкции против Русија, кои за прв  пат се насочени кон нејзиниот профитабилен сектор за течен природен гас, односно забрана за трансфер на руски течен природен гас преку Европа.