Loading Video...
Македонија
20. јуни 2024 - 12:18

Мицотакис не е задоволен со изјавите на Мицкоски

Грчкиот премиер не е задоволен од најавата на идниот премиер Мицкоски дека новото уставно име на државата ќе го користи само за заклетвата и во меѓународната комуникација. Мицотакис вели дека тоа не е одржливо решение и дека земјава ќе има големи проблеми. Грчкиот премиер утрово во интервју за грчкото радио Риал рече дека ова прашање ќе го отвори и на НАТО самитот во Вашингтон. 

Интерјувто на Мицотакис следи по она на Мицкоски за Сител кога најави дека при заклетвата ќе ја користи придавката на која го обврза преспанскиот договор но дека во своите изјави за медиумите и во комуникацијата со јавноста во Македонија нема да го прави тоа.