Loading Video...
Свет
20. јуни 2024 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Ханој во државна посета на Виетнам по средбата со севрнокорејскиот водач Ким Џонг-ун Пјонгјанг, соопшти руското претседателство.

Тој пристигна во Ханој од Северна Кореја во средата доцна вечерта во дводневна посета.

Денеска за рускиот претседател ќе се организира церемонијата за добредојде во претседателскиот дворец, пред да почнат билатерални разговори со шефот на Комунистичката партија, генералниот секретар Нгуен Фу Тронг. Тој ќе се сретне и со виетнамскиот премиер Фам Мин Чин и Виетнамците кои студирале во Русија.

Пред неговото пристигнување, џамбо џет изнајмен во Русија испорача лимузини за употреба на Путин за време на неговата посета на Ханој.

Хезболах има ново оружје и разузнавачки способности кои, во случај на сеопфатна војна, би можеле да му помогнат да погоди цели длабоко во израелската територија, изјави синоќа Хасан Насрала, водачот на таа милитантна организација од Либан.

Тој во 2021 година изјави дека Хезболах има 100. 000 борци, но сега тврди дека ги има уште повеќе, без да ја прецизира бројката.

Началникот на израелската армија, генерал-полковник Херзи Халеви, рече дека Израел е свесен за можностите на Хезболах прикажани на видеото и има решенија за тие закани

Лидерот на Хезболах, Насрала, предупреди на војна без правила и ограничувања во случај на израелска офанзива против либанската милиција и се закани дека би можеле да го нападнат Кипар ако му дозволи на Израел да ја користи неговата територија во каков било конфликт.

Кипар и Израел имаат билатерален договор за одбранбена соработка, според кој спроведуваат заеднички воени вежби.

Бројот на починати за време на аџилакот во Саудиска Арабија надмина 900, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на податоци од повеќе земји.

Семејствата и пријателите пребаруваат болници и бараат информации на Интернет, плашејќи се од најлошото откако температурата завчера во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 степени Целзиусови. Околу 1,8 милиони луѓе од целиот свет, многу стари и изнемоштени, учествуваа на повеќедневниот настан, главно на отворено.

Според информациите на саудиските власти, на годинешниот аџилак учествуваат аџии од Саудиска Арабија и уште 22 земји.