Зеленски: На ултиматумот на Путин не може да му се верува
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека условите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.
„Верувам дека Путин нема да ја прекине својата воена офанзива дури и ако се исполнат неговите барања за прекин на огнот. Тоа се крајни пораки кои не се разликуваат од пораките од минатото. Ова е истото што го правеше Хитлер, затоа не треба да веруваме во овие пораки“, изјави Зеленски за италијанскиот информативен канал SkiTG24 на маргините на самитот на Г7, што се одржува во италијанското одморалиште Борго Ењачија, пренесува Ројтерс.
Се огласи и украинското Министерство за надворешни работи, кое ги нарече „апсурдни“ термините на Путин и нагласи дека рускиот претседател се обидува да ги измами светските сили и да ги поткопа вистинските мировни напори.
Претходно Путин рече дека условите за Москва да го прекине огнот и „веднаш“ да започне мировни преговори се Украина ги повлече трупите од четири региони и да откаже од кандидатурата за членство во НАТО.
„Украинските трупи мора целосно да се повлечат од Доњецката и Луганската народна република, регионите Керсон и Запорожје. Покрај тоа, внимавајте тие мора да се повлечат од целата територија на овие региони, во нивните административни граници што постоеја во времето на нивното влегување во Украина. Штом Киев ќе изјави дека е подготвен за таква одлука и ќе започне вистинско повлекување на војниците од овие региони, а исто така и официјално ќе извести за напуштање на плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент ќе дадеме наредба за прекин на огнот и почеток на преговори“, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва.
Ново на Сител
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
-
Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Судијка и сопружници сопственици на ланец аптеки обвинети за фалсификување документи и имотна измама
-
Министерката Димитриеска - Кочоска на Форумот „Инвисо“ во Виена