Еколошката училница на тркала на УСАИД меѓу основците во Кривогаштани
Караванот за практична настава за климатските промени со еколошката училница на тркала „зелениот камион“ денеска е во посета на основците во општина Кривогаштани.
Еколошки секции на терен, предавања на тема климатски промени, стакленички гасови и глобално затоплување, мерења појави во атмосферата, хидрологијата и почвата со примена на лабораториската опрема во зелениот камион, дискусии за обновливи извори на енергија и потенцијалите за развој на т.н. зелени бизниси во регионот, пресметување на јаглеродниот отпечаток на училишните објекти, се дел од практичната настава за климатски промени која се одржува во рамки на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.
Почнувајќи од 22. февруари до денеска, еколошката училница на тркала на УСАИД посети девет основни училишта во Општина Прилеп и едуцираше повеќе од 1.300 ученици за климатските промени преку изведување на практични вежби и експерименти со примена на лабораториската опрема во камионот.
До средина на април 2016 година, караванот ќе посети повеќе од 30 основни училишта во десетте општини каде што се спроведува проектот: Прилеп, Кривогаштани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Боговиње, Маврово Ростуше, Теарце и Студеничани.
Пред стартот на овој караван, наставници од десетте партнер општини научија како да изведуваат практична настава за климатските промени со примена на вистинска опрема и експерименти во зелениот камион, а врз основа на глобалната програма за изучување и опсервација во полза на животната средина (Global Learning and Observations to Benefit the Environment Program (GLOBE).
Преку оваа иницијатива, УСАИД има за цел да ги поттикне националните основни училишта да воведат, развијат и спроведат ефективна наставна програма за практична настава и истражувачко образование од областа на климатските промени преку јакнење на капацитетите на наставниот кадар, како и, да се воспостават стандарди кои ќе обезбедат ефикасна реализација на ваквите програми. Тоа, според УСАИД, ќе ја зголеми јавната свест за климатските промени и ќе ја инспирира следната генерација на активисти за заштита на животна средина и борба против климатските промени.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички