Бизнис
3. јуни 2024 - 21:17

ДЗС: Раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, стагнира македонската економија

Скромен раст од само 1,2 отсто на БДП во првиот квартал, објави државната статистика.  Најголемо учество  со 72%  во создавањето има финалната потрошувачка на домаќинствата, по што следат бруто инвестициите. Во истиот период  извозот на стоки и услуги е намален за 6 отсто, а увозот бележи незначиетеелн пораст од 0,5%. За експертите, бројките се очекувани. Се должат на изборите, кои ја закочија економската активност. Сега новата власт со соочува со низа предизвици – како да привлече нови инвестиции, но и  да ги реазлизира инфраструктурните  проекти

- На хартија имаме одличен буџет, но реално имаме проблем со реализацијата на капиталните инвестиции години наназад. Можеби тоа е показател дека треба да работиме и на олеснување на таа администрација на начин на побрзо имплементирање  на она што е планирано во пари и во бројки. Моите очекувања се фокусирање и на поголем државен маркетинг и реално провлекување на странски директни инвестиции. Во Евроспката Унија има политика на приближување, , тоа значи дека голем дел од компаниите во Источните земји имаат иницијативи нивните мајки, земји  да бидат од европскиот континент. Ние тоа треба да го искористиме, изјави Синиша Наумовски, еконосмки аналитичар

Песимистички се очекувањата и на релевантните финансиски институции. Светска банка прогнозира најнизок економки раст од земјите од регионот годинава – 2,5%  и инфлацијата од 3%. ММФ 2,7 со 3,5% инфлација. Народната банка ја псушти прогнзоат од 3 на 2,6 процентен раст годината, со 3,5% инфлација . Наумовски смета – растот нема да биде поголем од 2 отсто

- Оваа година ќе биде тешка. Јас лично очекувам раст околу 2%  или нешто понизок од 2 отсто, но ќе видиме. Јас сум оптимист поради најавите на новата влада за директно и вбризгување на голема сума на пари  во економијата, додава Наумовски.

Идниот мандатар Мицскоски пак, во својата предизборна програма ветуваше годишен раст на економијата од  5 отсто и ниска инфлација од 2 до 2,5 %. Постепено намалување на буџетскиот дефицит и  пониски  даноци, со што би го вратиле приматот  на земја со најниски данични стапки за фирмите и граќани во Европа.