Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
Српските цариници на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија шверц на девет черепи и шест кожи на заштитени видови дивокоза и волк, јави дописникот на МИА од Белград.
Во соопштението на Царината на Р. Србија се наведува дека сето тоа било пронајдено во празен камион со странски регистрации на влезот во Србија.
Пронајдени се пакувања со девет животински черепи, од кои седум со рогови од дивокоза и два од волци.
Откриени се и шест сурови кожи, од кои четири се на дивокоза, а две на волци.
Канцеларијата за спроведување на конвенцијата „CITES“ на Министерството за заштита на животната средина на Србија потврди дека се работи за животни кои се на списокот на видови заштитени со таа конвенција.
За прекуграничен сообраќај на диви загрозени и заштитени видови, како и нивните деривати - кожа, крзно, рогови, канџи и други трофеи и сувенири, покрај вообичаената документација, потребна е и посебна CITES дозвола.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска