Ракомет
12. May 2024 - 12:13

Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови

Македонската ракометна репрезентација ќе брка негатива од седум погодоци во дуелот против Фарски Острови (34:27), денеска од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, за пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Како што вели и самиот селектор Кирил Лазаров, тој со своите пулени ќе се обиде да ја анулира негативата и повторно да се пласира на големиот ракометен собир.

- Фарски Острови беше подобар противник на првиот натпревар и заслужено победи. Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа. Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анулираме негативата од седум гола. За мечот в недела ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш до сега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход, истакна селекторот на Македонија.