Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија.
Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари.
Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со Египет. Најверојатно наскоро се очекува евакуација на цивилното население.
Портпаролот на израелската армија вчера директно им се обрати на заложниците кои ги држи Хамас.
– Ќе продолжиме да се бориме додека не дојдете дома, рече тој и додаде: Роднините на заложниците се во неподнослива ситуација и ќе направиме се за да ги ослободиме нивните најблиски.
Според здравствените власти во Газа, повеќе од 34. 000 луѓе се убиени, а речиси 77. 000 се повредени од почетокот на војната пред шест и пол месеци.
Овие бројки, кои не ги разликуваат борците од цивилите, не можат независно да се потврдат.
Ново на Сител
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот
-
Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос
-
Десетици илјади Иранци на погребот на Раиси во Техеран
-
Прегласувањето во Крушево и во Долнени почна навреме и без проблеми
-
Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024