Седумгодишно девојче убиено во престрелка во Чикаго, две деца во критична состојба
Осум лица се застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во престрелка поврзана со ривалство на локалните банди во јужниот дел на Чикаго, соопшти денеска полицијата.
„Девојче беше застрелано во главата синоќа и им подлегна на повредите, додека едногодишно и седумгодишно момче беа застрелани повеќекратно и се во критична состојба, изјави заменик-началникот на полицијата во Чикаго“, Дон Џером на брифинг со новинарите одржан на местото на пресметката на улицата 52 во јужниот дел на градот.
„Полицијата одговорила на пријавата за пукање околу 21 часот, но кога пристигнала на местото ги нашла само застреланите, меѓу кои три деца и возрасни од 19 до 40 години“, рече Џером.
Повредените, кои се нашле на местото на крвавата пресметка поради семеен собир, се пренесени во локалните болници.
Според Џером, истрагата се уште е во прелиминарна фаза, но очевидци изјавиле дека пукале две лица.
„Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалски банди. Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва се повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите“, изјави Џером.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници