Џафери: Седница на Советот за координација на безбедносните служби за потребите на изборниот процес
Прва седница на Советот за координација на безбедносните служби се одржала денеска на која, како што соопшти техничкиот премиер Талат Џафери, се расправало за предвидувања во однос на потребата на предизборнот и изборниот процес.
-Особено во контекст на дезинформациите, лажните вести и можни сајбер постапки по институциите на системот. Беа дадени соодветни информации, предвидувања од соодветните институции и заедно со заклучоците дадени се обврски до институциите како да постапат понатаму. Во тој контекст мислам дека сме на ниво на она што ни е обврска и одговорност за спроведување и постапување по сите информации. Нека се тие и дезинформации, ние сме должни да оцениме, процениме и во крајна инстанца и да постапиме, изјави Џафери при работната посета на Боговиње.
Во однос на обвинувања од опозиција дека ДУИ нема да ги признае изборите или дека подготвува сценарио за нерегуларни избори, одговори дека тоа се партиски изјави, а Владата нема потреба да се произнесува за она што е слободата на говор.
- Доколку има елементи соодветни за постапување по допрен глас, институциите коишто се надлежни треба да постапуваат. Владата не може да се меша ниту во постапувањето на обвинителството, ниту во постапување на судскиот систем, тоа се надлежности издвоени со Устав и со закон, рече техничкиот премиер.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска