Руперт Мердок на 92 години ја планира својата петта венчавка
Австралиско-американскиот медиумски тајкун Руперт Мердок повторно се сврши. Имено, овојпат негова избраничка е Елена Жукова, Русинка, пензиониран молекуларен биолог.
Според очекувањата, милијардерот и неговата 26 години помлада невеста би требало да се венчаат оваа година на неговиот имот во Морага Вајнјардс, Калифорнија, САД. За него, ова би било петти брак, иако зад себе има шест веридби. Идните „младенци“, како што велат, се запознале на забава на една од поранешни сопруги на Мердок - кинеско-американската претприемачка Венди Денг. Гласините дека магнатот е во врска со Жукова се распространија набргу откако тој ја раскинал својата последна наводна свршувачка со поранешната вероучителка Ен Лесли Смит во април 2023 година.
На 11 март, Мердок полни 93 години.
Магнатот бил в брак и со австралиската стјуардеса Патриша Букер, шкотската новинарка Ана Ман и американската манекенка и глумица Џери Хол.
Жукова, пак, претходно била омажена со рускиот милијардер Александар Жуков. Нејзината ќерка Даша - исто така бизнисменка, беше во брак со рускиот олигарх Роман Абрамович до 2017 година.
Руперт Мердок, бизнисмен роден во Австралија, до лани беше на чело на медиумските компании „Фокс“ и „Њус корп“. Според „Њујорк тајмс“, бракот на Мердок со Жукова најверојатно не би влијаел на иднината на неговите бизниси, коишто ги водат неговите четири најстари деца.
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени