Путин наводно го разрешил командантот на руската флота поради потонатиот брод
Адмиралот Виктор Соколов, командант на руската Црноморска флота, е разрешен еден ден откако Украина соопшти дека го потопила големиот десантен брод „Цезар Куников“ објавија руските воени блогери и поранешниот советник во Кремљ, Сергеј Марков.
Засега нема официјална потврда од Москва, а руското Министерство за одбрана не одговорило на барањата за коментар, пренесе БТА.
Соколов ја презеде командата во септември 2022 година, половина година по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Неговото назначување следуваше по серијата порази за Црноморската флота, вклучувајќи го и потопувањето на водечкиот брод „Москва“ од украински ракети.
И покрај промената на командата, руските воени бродови продолжуваат да трпат удари од украинските сили, чија флота е мала во споредба со руската.
Украина користи беспилотни поморски дронови натоварени со експлозиви за да ги нападне руските бродови и се обидува да ги истисне од делови на Црното Море, дозволувајќи и да отвори витален коридор за транспорт на жито.
Украина во средата соопшти дека во напад со дрон го уништила бродот „Цезар Куников“ во близина на брегот на анектираниот Крим. Русија не ги коментираше информациите.
Украинската војска тврди дека во војната досега „уништила“ 25 руски воени бродови и една подморница.
Ново на Сител
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини